Енцо Фернандез во јануари испиша историја откако Челси за неговите услуги плати околу 106 милиони фунути (околу 121 милион евра).
Аргентинецот за само неколку месеци од малку познат фудбалер прерасна во најдобар млад играч на мундијалот во Катар, па најскап трансфер во Премиерлигата.
Марк Кукуреља, кој сега дели соблекувална со Енцо Фернандез, открива дека бил импресиониран од настапите на Аргентинецот на Светското првенство, но не знал за кој играч станува збор и морал да го бара на „Гугл“.
„Обично гледам натпревари на кои играат моите пријатели и ја гледав Аргентина. Си реков, „навистина ми се допаѓа бројот 24, многу е добар!“. Но не знаев за кој клуб настапува! Морав да го земам телефонот во рака и да го побарам на „Гугл“. Како што гледав повеќе натпревари, им објаснував на семејството и пријателите дека момчето е нависина многу добро и ми се допаѓа“ – вели Марк Кукуреља.
„И неколку месеци подоцна тој пристигна во Челси!“
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.