Откако Тотнем испушти два гола предност против Саутемптон и два бода во битката за Лигата на шампиони, Антонио Конте жестоко распука по своите фудбалери и ги критикуваше како никогаш претходно.
Серијата слаби резултати и големиот испад на прес конференцијата сериозно го разнишаа столчето на стратегот и се говори дека Тотнем во следните денови ќе се раздели со Италијанецот.
Сепак, одредени извори велат дека Тотнем калкулира со бркањето бидејќи во договорот на Антонио Конте имало клаузула според која стратегот треба да биде обесштетен со 15 милиони фунти доколку добие отказ.
Ова е огромна сума доколку во предвид се земе дека Антонио Конте има договор до јуни месец, опцијата за уште една додатна година е во полза на Тотнем и клубот во моментов не планира да ја активира.
Се верува дека двете страни преговараат за обесштетување од околу 4-5 милиони фунти, односно платата која му следува на Антонио Конте за месеците до крајот на сезоната.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.