По серијата слаби резултати и експлозивната прес конференција, се почесто се пишува дека се одбројани деновите на Антонио Конте на кормилото на Тотнем.
„Спарси“ планираат да се разделат со Италијанецот во следните две недели и веќе се шпекулира со името на новиот тренер.
Одредени медиуми од Англија говорат дека добар дел од фудбалерите бараат да се врати Маурисио Покетинo, а наводно и Аргентинецот притискал одново да седне на тренерското столче во Северен Лондон.
Германски Билд пак пишува за друга опција, раководството на Тотнем стапило во котакт со агентот на Оливер Гласнер од Ајнтрахт Франкфурт и се опипувало терен за можноста стратегот од Австрија да се пресели во Премиерлигата.
Оливер Гласнер на маса има нов договор од Ајнтрахт Франкфурт, но поради интересот на неколку клубови, калкулира и се уште ја нема продолжено верноста (актуелниот договор е до јуни 2024 година).
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.