Селекторот Дидие Дешан донел одлука 24-годишниот напаѓач на ПСЖ да ја преземе улогата на официјален предводник на националниот тим, откако таа позиција остана празна со пензионирањето на Иго Љорис. Голманот се збогува со репрезентацијата по завршувањето на СП во Катар, откако ја носеше капитенската лента уште од 2008 година.
Во репрезентативна пензија замина и еден од вице-капитените, Рафаел Варан, па остана прашањето дали честа ќе му припадне на вториот вице-капитен, Антоан Гризман, кој уште е активен репрезентативец. Сепак, Дешан реши да го прескокне и да му даде на тежина на Мбапе, кој и онака прераснува во лидер на Франција на теренот.
Последниот негов настап беше импресивниот хет-трик во финалето на СП, со Аргентина, со што комплетира 36 гола на 66 настапи во дресот на „триколорите“. Со лентата на рака првпат ќе излезе в петок на „Стад д Франс“, против Холандија, со што симболично ќе биде означен нов почеток и на циклусот квалификации за ЕП 2024, но и за француската репрезентација, генерално.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.