Немало ништо спорно во контроверзниот гол на Јуве против Интер, ќе биде објавен разговорот помеѓу судијата и ВАР

by
1 минути читање

Јувентус вчера со 0-1 триумфираше на гостувањето кај Интер а по крајот на натпреварот, домаќините жестоко реагираа на одлуката да биде признаен голот на Филип Костиќ.

Симоне Инзаги обвини дека било покажано сериозно непочитување кон „нероаѕурите“ откако Адриан Рабио играл со рака во зачетокот од акцијата и овој спорент момент не бил санкциониран од ВАР собата.

Имeно во акцијата по која падна голот има три спорни моменти, покрај таа на Адриан Рабио, има и две ситуации во кои е инволвиран Душан Влаховиќ и можно играње со рака на Србинот.

Но како што пренесува Спортмедиасет, првиот човек на судиите, Џанлука Роки и неговите соработници смеаат дека не е направен голем пропуст и планираат да го објават разговорот помеѓу Даниеле Кифи и ВАР собата со цел да ги смират страстите на навивачите.

Прегледот на голот траеше повеќе од 4 минути и според Роки, ова е доволен доказ дека се работело внимателно за да не се направи сериозна грешка.

Сепак, Роки не е задоволен од целиот перформанс на Кифи, односно свирнатите прекршоци, покажените картони и нервозата на теренот.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×