Тотнем ја одреди цената на Кејн и поставува важен услов за продажба на напаѓачот

by
1 минути читање

Иднината на Хари Кејн одново е топ тема на „островото“, напаѓачот е под договор до 2024 година и летоска Тотнем ќе има последна шанса добро да заработи од негова продажба.

Според пишувањата на Тајмс, „спарси“ се подготвени да се разделат со Хари Кејн за сума од 100 милиони фунти (околу 115 милиони евра).

Но клубот од Северен Лондон поставува важен услов, целата сума треба да биде исплатена одеднаш и однапред. Вообичаено големите трансфери се реализираат на рати, односно исплати на неколку помали суми во одреден временски период, кој понекогаш знае да биде и две-три години.

Тотнем исто така преферира да не го продаде напаѓачот на ривал од Англија.

Манчестер јунајтед, Реал Мадрид и Баерн Минхен се посочуваат како клубовите кои го меркаат Хари Кејн. Се верува дека приоритет на Англичанецот е останување на „островото“ и соборување на рекордот на Алан Ширер од 260 погодоци во Премиерлигата.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×