Левандовски открива како се „спасил“ од трансфер во Блекбурн

by
2 минути читање

Полјакот откако
блесна на фудбалската сцена во дресот на „Милионерите“, сега ги брани боите на
германскиот гигант Баерн Минхен и важи за еден од најдобрите голгетери во
светот на фудбалот.

Но неговата
кариера можела да има сосема поинаков пат доколку во 2010 потпишал за Блекбурн.

Популарниот Биг
Сем дури бил во Полска за да го убеди Роберт Левандовски, а напаѓачот бил на
чекор до преселба во Блекбурн и требал да отпатува за Англија за лично да се
увери во квалитетот на клубот.

Сепак, поради
ерупција на вулкан од Исланд, небото над Велика Британија било затворено, тој
не можел да патува за Англија и на крајот завршил во Борусија Дортмунд.

„Имав можност да
потпишам за Блекбурн

вели Левандовски. „Сакав да видам како изгледа Блекбурн, тренинг комплексот,
местото. Сакав да отидам бидејќи искрено не бев сигурен каде се наоѓа
.

„Но не можев да
отпатувам поради облакот (пепелта од ерупција на вулкан од Исланд). Не можев
да летам
.

„Имав средба со
Сем Алардајс, се сретнавме по еден натпревар во Полска. Ми се чинеше дека е
добар човек и навистина добар тренер. Беше подготвен да ангажира млад играч
.

„Картите беа купени, но не можевме да летаме. Дали тоа ми го промени животот? Да! Можеби!
Ако заминев, големи беа шансите да останам!

„Но потоа дојде
понуда од Дортмунд, тоа беше мојот следен чекор
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани