Лукас Леива со солзи се збогуваше од фудбалот поради проблеми со срцето (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Тој за Гремио одигра 17 меча, постигна три гола, таму престојуваше осум месеци по што мораше да стави крај на кариерата. Леива на прес-конференција со солзи ја објави одлуката која морал да ја донесе.

„Денеска објавувам крај на кариерата. Ова беше тежок период за мене и мислам дека ова е првпат што ќе ме видите како плачам. Благодарен сум за сѐ што ми се случи во кариерата, завршувам таму каде што сакав, ама не на начин на кој сакав. Се надевам дека вториот дел од животот ќе почне како што сакам. Благодарам на сите за трпението, морав и јас да чекам. Се надевав дека ситуацијата можеби ќе се смени, но тоа не се случи. Здравјето ми е на прво место. Им благодарам на сите клубови каде што играв, а најголем дел тргна од овој клуб и драго ми е што во овој клуб ја завршувам кариерата“, рече Леива.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани