Суарез објасни зошто има добар однос со Лео Меси

by
1 минути читање

Уругваецот одлично се снајде на Камп Ноу, и заедно со Лео Меси и Нејмар го креираа најопасното напаѓачко трио на денешницата

.Луис Суарез одлично се разбира со Лео Меси и сега открива зошто има добар одос со првата ѕвезда на Барса.

„Аргентинците и Уругвајците добро се согласуваат, плус јас и Лео сме на иста возраст и тоа генерира поразлично чуство“ – вели голгетерот.

„Фудбалеите не сакаат постојано да зборуваат за фудбал. Ние имаме многу други заеднички работи, тоа помага и врската е посилна“.

„Тука се нашите деце, излегуваме заедно со сопругите и тоа е добро бидејќи кога излегувате со пријателите знаете деа вашата сопруга ќе има друштво“.

„Надвор од теренот, Меси е како секој друг. Тој е скромен и искрен. Тој е човек за восхит, прекрасна личност. Куќите ни се одалечени само 100 метри“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани