1,1K
Откако го постигна голот против Свонси, Жесус прослави со гестикулација дека зборува на телефон.
Таквата прослава потикна многу „мемиња“ и лажни објаснувања што сакал фудбалерот да каже.
Најголем хит стана цитатот на кој падна и Балотели: „Прославата беше порака за мојата бивша девојка која не ми одговараше на повиците додека играв за Палмеирас, но почна да ми праќа пораки откако потпишав за Сити“.
19-годишниот Габриел Жесус конечно стави крај на сите дилеми околку неговата прослава. На својот инстаграм профил ја постираше фотографијата и напиша што значел неговиот гест: „Здраво Мамо, те сакам“.