Халанд не е од оваа планета, со пет гола го однесе Сити во четвртфинале! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Шоу на Ерлинг Халанд на Етихад, норвешкиот напаѓач постигна дури пет голови, стана вториот кој тоа го направил во нокаут меч од Лигата на шампионите, претходно му успеало само на Меси. Пет гола има дадено и Луис Адриано од Шахтар, но тој во меч од групната фаза.

Халанд гол серијата ја отвори во 22. минута од пенал, а две минути подоцна дофати една одбиена топка од пречка по шут на Де Брујне и реализираше со глава за 2-0.

Во судиското продолжение од првото полувреме Халанд даде уште еден гол, запиша уште еден хет-трик и го реши мечот уште пред паузата.

По четири минути игра во вториот Гундоган даде гол за 4-0. А брзо потоа на сцена повторно стапи Халанд, даде голови во 54. и 57. за водство од 6-0.

Точка на натпреварот стави Де Брујне со прекрасен гол во последните моменти од натпреварот. Конечни 7-0.

Спортивно од натпреварот во Манчестер, на дуелот во Порто немаше ниту еден гол. Интер го сочува водството со кое допатува на овој меч и со вкупни 1-0 се пласира во четвртфиналето.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×