Како ова не беше гол, малерозниот Калулу на гол линијата спречи радост на Милан (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Милан не ги
искористи киксовите на ривалите за топ четири, избраниците на Пиоли вчера
одиграа само 1-1 против Салернитана.

Жиру донесе
водство во последните секунди од првиот дел но Диа изедначи по еден час игра.

„Росонерите“
потоа силно притиснаа, имаа неколку добри шанси но Очоа со извонредни
интервенции ги фрустрираше. Домаќините немаа и среќа, или поточно малерозниот
Калулу се најде на погрешно место во погрешно време.

Во финишот од
натпреварот, токму дефанзивецот започна акција со центаршут кој за нијанса беше
превисок за Златан Ибрахимовиќ. Топката дојде до Тео Ернандез, кој ја врати во
петерецот, Очоа само кратко изби, Флоренци некако успеа да шутне кон голот а
Ѓомбер на гол линијата да блокира.

Но дефанзивецот
на Салернитана ја испрати топката во страна и таа ќе завршеше во мрежата да не
беше паднатиот Калулу, кој со лактот го промени правецот и ја однесе топката во
рацете на Очоа.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×