Очоа правеше чуда на голот, Милан испушти два бода против Салернитана (ВИДЕО)

by
0 минути читање

Во последниот
натпревар од 26. коло во Серија А, Милан на Сан Сиро ремизираше против
Салернитана.

Домаќините
поведоа во финишот на првото полувреме, по еден корнер, Жиру со глава ја
затресе мрежата за 1-0.

Гостите
изедначија по еден час игра, одбраната на Милан заборави на Диа кој осамен од
пет метри донесе 1-1.

„Росонерите“ потоа
силно притиснаа имаа неколку добри шанси но Очоа правеше чуда на голот и ги
спречи обидите на Ориги, Флоренци и Ибрахимовиќ.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×