Во изминатите денови Барселона е во центарот на вниманието по скандалот дека давала пари за судиите да судат во нејзина корист. Сега поранешниот судија, Итуралде Гонзалес го врти светлото и кон Реал Мадрид.
Тој го обвини Флорентино Перез дека вршел притисок врз него и го заклучил во соблекувална по мечот меѓу Реал Мадрид и Депортиво Ла Коруња кој завршил 6-1 во сезоната 2010/11.
„По победата од 6-1 против Депортиво, еден човек ме однесе во собата за судии и ми кажа дека сака да им судам како што сум ѝ судел на Барселона. Го прашав дали се шегува, по што одговори дека разговорот е завршен. Ме заклучи во соблекувалната на половина час. Човекот кој ме внесе во соблекувалната е Перез и нема да кријам, тоа го има и во извештајот“, кажа Гонзалес.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.