Жозе Мурињо беше суспендиран за овој натпревар, па во негово отсуство тимот го водеше помошникот, Салваторе Фоти.
Имаше крупни судиски грешки кои влијаеа на резултатот, но како и да е на крај фактот е дека Рома ги загуби бодовите.
„Ил Месаџеро“ има информација дека Фоти и остатокот од стручниот штаб имале долга и бурна конверзација со фудбалерите по крајот на мечот.
Состанокот бил без Мурињо, а покрај за пропуштените бодови се однесувал и на важноста на следните натпревари два натпревари кои се многу важни за Рома, реваншот со Реал Сосиедад и дербито против Лацио кој им е директен конкурент за топ четири.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.