Тренерот на Сампдорија, Дејан Станковиќ по мечот беше бесен за голот кој го постигна Рабио, смета дека имало чисто играње со рака.
„Видете, можете снимката и 20 пати да ја повторите, и секогаш може да видите дека тоа беше рака. Бицепсот се движи. Тоа е се што ќе кажам. Ние имавме поништен гол на Маноло Габиадини против Емполи во 96. минута за рака кога тој паѓаше“, вели Станковиќ.

„Му верувам на судијата и ВАР ако тоа е тоа што виделе, но ајде ве молам, можеме да прифатиме до одредена граница, потоа не не правете будали“.
„Извинети, можеби секако ќе го загубевме мечот, но оставете ме да играм уште неколку минути со резултат 2-2. Моето срце крвари за овие момци, тие заслужуваат повеќе“.
По мечот, „Скај Спортс“, „ДАЗН“ и други медиуми го анализираа моментот и сите дојдоа до ист заклучок. Веројатно беше рака, но ВАР немал чиста слика за да го докаже тоа.
Правилата не му дозволуваат на ВАР да му рече на судијата да погледа на монитор доколку тие не видат чиста и јасна грешка.
Ова е нов пропуст на камерите на ВАР, и Јувентус имаше проблем со тоа кога им беше поништен чист гол против Салернитана поради офсајд. Камерите тогаш не го уловија Антони Кандрева кој беше во близина на корнер знаменцето.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.