Сите голови на мечот меѓу Фулам и Арсенал беа постигнати во првото полувреме. Асистент на сите три погодоци беше Тросар, прво погоди Габриел, па Мартинели, а третиот погодок беше дело на Одегард.
На 11 кола до крајот на сезоната Арсенал има пет бода предност пред Манчестер Сити.
А Манчестер јунајтед веќе не е во трка за титулата, тимот на Тен Хаг одигра само 0-0 против Саутемптон кој се бори за опстанок.
Поради опасен старт во 34. минута, Касемиро заработи директен црвен картон. И покрај тоа што играше со фудбалер помалку, Манчестер јунајтед создаде доволно шанси за да даде гол, но не успеа во тоа.
Во текот на вториот дел статива погодија и Манчестер јунајтед и Саутемптон, и двете екипи имаа големи шанси, но ниту една мрежа не беше затресена.
Дуелот меѓу Вест Хем и Астон Вила исто така заврши без победник, но со по еден гол во двете мрежи.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.