Спалети за голот на Кварацхелија: Ова не го кажувам лесно, но сега вреди да се спомене – Марадона! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Кварацхелија ја измеша целата одбрана на Аталанта и постигна гол со кој му донесе водство на Наполи од 1-0.

Пофалби за погодокот стигнуваа од сите страни, а тренерот Лучано Спалети го спореди со Марадона.

„Тоа беше гол вреден да се спомене името на Марадона, а тоа е нешто што не го кажувам лесно“, вели Спалети.

„Тој има способност да ја измеша топката, а потоа брзо да испрати прецизен удар. Кога ќе ве погледне во очи изгледа уништувачки. Овојпат ќе кажам да, можеме да се повикаме на името на најдобриот кој светот некогаш го видел – Марадона“.

Фановите на Наполи одамна го споредуваат Кварацхелија со Марадона, му дадоа надимак – Кварадона.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×