189
Поразот од Лацио во минатото коло беше само мал кикс, Наполи вечерва уште еднаш покажа зошто е главен кандидат за Скудетото оваа сезона и со 2-0 ја совлада Аталанта за +18 на врвот на табелата.
Резултатот беше отворен по петнаесетина минути игра во второто полувреме, Кварацхелија ја измеша одбраната на гостите и погоди под пречката за 1-0 и огромна радост на „Диего Армандо Марадона“.
Трите бода беа потврдени во 77. минута, Елмас изведе корнер и му асистираше на Рахмани за 2-0.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.