Челси се буди, врза три победи во серија! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Челси поведе уште во 11. минута со гол поранешниот играч на Лестер, Бен Чилвел.

Во 39. минута преку Дака, Лестер изедначи на 1-1, но во судиското продолжение од првото полувреме Хаверц го врати водството за Челси, 2-1.

Конечните 3-1 за Челси ги постави Ковачиќ по една асистенција со глава на Мудрик.

Покрај трите дадени гола, Челси имаше и два поништени погодоци на Феликс и Мудрик, двата поради офсајд.

Тотнем со два гола на Кејн и еден на Сон со 3-1 славеше над Нотингем форест. Евертон со 1-0 го победи Брентфорд, а Лидс и Брајтон одиграа нерешено 2-2.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×