191
Борнмут му удри шлаканица на Ливерпул и го освести дека сезоната сепак не им е добра. Ова е удар за тимот на Клоп во битка за местата кои водат во Лигата на шампионите.
Единствениот гол на мечот го постигна Билинг во 28. минута од натпреварот.
Во 69. минута беше досуден пенал за Ливерпул, Салах шутираше но тоа го направи очајно лошо, го промаши целиот гол. Тој никогаш претходно во кариерата во Премиерлигата со шут од пенал не го промашил голот.