Но, најпознатиот спортски весник „Марка“ повикувајќи се на информации од управата на „кралевите“, а весникот е ептен близок со најтрофејниот светски клуб, објави дека многу брзо Мбапе се покајал што останал во ПСЖ, па само два месеци откако го потпиша двегодишниот договор со опција за трета сезона со кој доби џиновска плата (непотврдени 100 милиони евра годишно) и многу блиски луѓе на фудбалерот јавиле во Мадрид за да кажат дека Французинот се каде и дека згрешил со одлуката.
Според весникот, Мбапе сакал да дознае на овој начин дали вратата на Реал е сѐ уште отворена за него, иако од Мадрид порачале дека „во моментов немаат желба за тансфер“, но пораката била дека ако се случи такво нешто, тогаш првичниот договор што не се реализира нема да важи, а условите под кои Мбапе би дошол се далеку помали и тој би требало да прифати да игра за многу помалку пари од првично предвиденото (50 милиони евра по сезона).
На целата оваа приказна, најугледниот англиски спортски весник „Атлетик“ објави дека Мбапе и Реал Мадрид веќе од СП во Катар се во постојан контакт, а елиминацијата на ПСЖ во ЛШ, трета по ред во осминафиналето само веројатно ќе ја забрза одлуката за заминување, иако поради важечкиот договор ПСЖ се прашува за трансферот и досега „светците“ сите богати понуди ги одбија барајќи ненормален износ на пари.
Безмалку сите европски медиуми после елиминацијата на ПСЖ најавија дека на лето Мбапе ќе се пресели на „Сантјаго Бернабеу“, иако тој порача дека во моментов е мирен и не размислиува за ништо освен за освојување на Лига 1.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.