Конте брутално му одговори на Ришарлисон: Да во право е, неговата сезона е с*ање!

by
1 минути читање

По елиминацијата
од Милан во Лигата на шампиони, Ришарлисон го крена гласот, рече дека сезоната
е срање и се пожали за малата минутажа која ја добива.

Антонио Конте не чекаше
многу и попладнево испрати брутален одговор до Бразилецот.

„Го гледав
интервјуто и тој всушност рече, „Мојата сезона е срање“ и да во право е,
неговата сезона е срање бидејќи имаше многу повреди“
– изјави тренерот на Тотнем
на денешната прес конференција.

„Почна добро па
се повреди во Лигата на шампиони. Потоа замина на Светското првенство па и таму
се повреди посериозно. Се врати, еден месец беше надвор од стројот и потоа
следеше нова повреда“.

„Нема постигнато
гол во Премиерлигата, само два во Лигата на шампиони. Мислам дека момчето беше
многу искрено со тоа што кажа дека сезоната не му е добра“.

Антонио Конте
потоа додаде: „Кога зборувате „јас“, „јас“, „јас“ а не „ние“, значи дека
мислите само на себе и сте себични. Ришарлисон разбра дека погреши и ми се
извини“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×