Монтела: Милан е тим со душа, срце и муда

by
1 минути читање

Со гол Пашалиќ во 89. минута Милан победи на гостувањето кај Болоња иако играше со девет фудбалери по исклучувањата на Палета и Куцка. Триумф со кој ја прекинаа серијата порази.

Емоциите кај Монтела беа големи по мечот, тој има само пофалби за своите играчи кои изборија херојска победа.

„Тешко е да се задржат емоциите по еден ваков меч. Ова е голема победа која вреди повеќе од три бода, докажува дека ова е тим со душа, срце и муда“ – вели Монтела.

„Ни беше потребно да си покажеме дека го имаме тој дух со нас, ова беше победа заработена со комплетна посветеност“.

„Природно е во текот на сезоната да имате подеми и падови, нашиот најголем проблем беа повредите и поразите кои доаѓаа едноподруго, лудите порази, бидејќи натпревар како со Удинезе губите еднаш годишно“.

„Таквите резултати направија да изгледа дека Милан го губи својот пат, но апсолутно не беше така. Резултатите беа лоши, но не и перформансите“.

„На полувремето им кажав на момците дека ова е натпревар кој треба да го добиеме и тоа го видов. Сум гледал тимови како го вртат мечот со 10 играчи, но да победите со девет е уште попосебно“.

„Сакам посебно да го пофалам Андреа Поли, кога денес ни беше најтешко тој беше од суштинско значење. И тој имаше повреда, па практично игравме со осум и пол луѓе, но работевме многу напорно и сите мои фудбалери заслужуваат честитки“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани