Името на Микел
Артета синоќа се поврзуваше со Реал Мадрид, наводно Флорентино Перез е голем
фан на работата на Шпанецот и го мерка како наследник на Карло Анчелоти.
„Има работи кои
се пишуваат низ медиумите и ние тренерите и играчите немаме контрола врз нив“ –
вели предводникот на „топчиите“.
„Јас можам само
да кажам дека целосно сум фукусиран на мојата работа во Арсенал. Многу сум
среќен, горд и благодарен што сум дел од овој клуб. Тоа е тоа“.
Столчето на Карло
Анчелоти сериозно се разниша по серијата слаби резултати во Ла Лига и поразот
од Барса во првиот натпревар од полуфиналето во Копа дел Реј, се говори дека Флорентино
Перез има многу замерки и примедби за тактиката на искусниот Италијанец и
изборот на играчи.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.