Со прекрасниот
гол на Хуан Квадрадо, Јувентус ја доби пресметката со лутиот ривал Интер.
„Нероаѕурите“
тешко се помирија со поразот, беа гневни на судијата Никола Рицоли и сметаат
дека во неколку наврати биле оштетени.
Веднаш по
натпреварот се пожалија дека не им биле досудени два пенали, а потоа објавија и
видео од еден спорен момент кој не беше прикажан за време на натпреварот.
Имено, судијата
оправдано досуди офсајд од Перишиќ, потоа следуваше контроверзниот момент.
Алекс Сандро изведе, ја додаде топката до Џорџо Киелини кој млако ја врати до
Буфон, додавањето го пресече Икарди и излезе очи во очи со голманот на Јуве, но
Рицоли свирна и повика уште еднаш да се изведе офсајдот.
Вечерва одговор
пристигна од таборот на Јувентус, генералниот директор Бепе Марота му порача на
Интер да научи да губи наместо да бара алиби.
„Срам ми е да
одговарам на вакви прашања” – вели Марота.
„Не очекував дека
по толку прекрасен натпревар тие ќе анализираат инцидент кој никогаш не се
случи”.
„Наместо да
бараат алиби треба да научат да прифатат пораз”.
„И ние можевме во
неколку наврати да се жалиме и да објавиме сериозни грешки против нас, но не го
сторивме тоа и не сакаме да го правиме тоа”.