Пиоли: Ништо не е невозможно во спортот, убаво е да сонувате

by
1 минути читање

Милан го елиминираше Тотнем и по 11 години пауза повторно е во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

„Треба да одиме чекор по чекор. Важно беше што ја поминавме групата и што направивме подобрување во однос на минатата сезона. Сега ќе ја чекаме ждрепката и ќе видиме што ќе се случи“, вели Пиоли.

„Во четвртфиналето ќе имаме голем противник, но и Тотнем се голем тим исто така и ние секогаш ќе го имаме нашиот збор. Убаво е да се сонува“.

„Сакам да мислам дека ништо не е невозможно во спортот. Јасно е дека само најдобрите во Европа остануваат и секоја наредна рунда е потешка, но уверен сум дека искуството во европа прави да бидеме посилни, особено учите од негативното искуство. Сега мора да одиме во четвртфиналето со самодоверба“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×