Случајот „Негреира“ ќе заврши на суд, Барселона ќе добие пријава за корупција

by
1 минути читање

Случајот
„Негреира“ кој стана актуелен минатиот месец ќе заврши на суд, како што
пренесува Ел Паис, обвинителството решило да покрене постапка.

Барселона како
правен ентитет ќе одговара за корупција, како и поранешниот претседател Жозеп  Мариа Бартомеу и дел од неговите соработници.

„Каталонците“ му
исплатиле на Енрикез Негреира околу 7 милиони евра во периодот од 2001 до 2018 година,
кој требал да обезбеди извештаи и видео материјали за играчи, како и извештаии
за судиите кои и делеле правда на Барселона.

Обвинителството
смета дека соработката е сомнителна и сега судија ќе одлучи што понатаму.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×