Барселона повторно ќе бара финалето од купот да се игра на Бернабеу

by
1 минути читање

Шпанските медиуми најавуваат дека Барселона ќе упати барање до Шпанската федерација, финалето од Купот на Шпанија да се игра на стадионот на Реал Мадрид.

Каталонците синоќа го озбезбедија местото во финалето и го чекаат противникот од дуелот помеѓу Алавез и Селта кој се игра вечер (првиот меч заврши 0-0).

Нема да биде прв пат Барселона да бара финалето да се игра на Бернабеу, тоа го правеа и во изминатите години. Реал Мадрид не сака ниту да слушне Барса да го игра финалето на нивниот стадион.

Изговорот на Барселона како и секогаш е дека стадионот на Реал Мадрид има идеална локација за настан од таков вид и е едеален и за нивните и за противничките фанови. Но јасна е желбата да слават титула на стадионот на најголемиот ривал.

Обично федерацијата не им ја исполнува желбата, ќе видиме како ќе биде овој пат.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани