Лацио продолжува со бледите партии во Европа, АЗ Алкмар со пресврт го освои Рим (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Лацио во петокот
се прикажа во одлично светло и го совлада Наполи на гостувањето на „Диего
Армандо Марадон“, но избраниците на Сари вечерва повторно потфрлија во Европа.

Во пресметката со
АЗ Алкмар во Конференциска Лига, загубија со 1-2 и покрај тоа што одлично го
отворија мечот и поведоа со голот на Педро.

Сепак, како
одминуваше натпреварот, гостите беа тие кое подобро се снаоѓаа на теренот и во
финишот на првиот дел изедначија на 1-1 преку Павлидис.

Пресвртот беше
направен во 62. минута, Лацио уште еднаш загуби топка на својата половина а Милош
Керкез погоди за 1-2.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×