Моизе Кин направи
голема глупост против Рома откако во финишот доби шанса од клупата. Напаѓачот наместо
да помогне да биде избегнат пораз, ги загуби нервите по само 40 секунди од
влегувањето во игра и заработи црвен картон.
Како што
пренесува Газета дело Спорт, Италијанецот убаво ќе плати за непромислениот
потег, Јувентус ќе го казни со 5% од бруто месечна плата, односно парична глоба
од 20.000 – 25.000 евра.
Последниците
можат да бидат и многу поголеми доколку Јувентус реши да го шкртне Моизе Кин од
плановите за следната сезона.
Во меѓувреме,
дисциплинската комисија му изрече суспензија од два меча на Моизе Кин за
црвениот картон против Рома, а го казни и со парична глоба од 10.000 евра.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.