Кан откри зошто Баерн не го ангажирал Халанд и порача: Нашата филозофија е…

by
1 минути читање

Баерн Минхен се
посочуваше како една од опциите кога стана јасно дека Ерлинг Халанд ќе ја
напушти Борусија Дортмунд, но Норвежанецот на крајот се пресели во Манчестер
Сити.

„Баерн Минхен
нема долгови, ова е нашата филозофија“
– вели генералниот извршен директор, Оливер Кан.

„Не го
ангажиравме Ерлинг Халанд бидејќи беа потребни многу пари. Трошиме онолку колку
што заработуваме. Исто така, инвестиција од многу пари во еден играч секогаш е
голем ризик“.

Трансфер сумата
за Ерлинг Халанд не беше толку голем проблем како барањата на фудбалерот за
плата како и провизијата за агентот и неговиот татко. Се верува дека беше
потребен пакет од преку 300 милиони евра за комплетирање на зделката.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×