Легендата на Реал не може да поверува на зборовите на Кварацхелија и му вети специјален подарок за трансфер во Мадрид

by
1 минути читање

Квича
Кварацхелија блесна на фудбалската сцена по преселбата во Наполи, се говори
дека летоска може да направи нов трансфер вреден преку 100 милиони евра.

Неодамна
напаѓачот откри дека Реал Мадрид му е омилен клуб а Гути еден
од идолите.

„Го обожавам
фудбалот благодарејќи на Гути. Кога бев мал, во Грузија не се продаваа дресови
од него, немаше шанси да се најде дрес од Реал Мадрид со презимето на Гути. Па
затоа си купив бел дрес на кој го напишав бројот 14“
– откри неодамна Квича Кварацхелија.

Гути не можеше да
поверува на ваквата исповед на напаѓачот, па му вети специјален подарок
доколку се пресели на „Бернабеу“.

„Квара дојди во
Реал Мадрид, ќе ти дадам потпишан дрес од мене“
– прокоментира легендата на
„кралевите“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×