„Мило ми е што Нејмар се повреди, ова е одлична шанса за Галтие“

by
1 минути читање

Кристоф Дугари по
три години пауза повторно се врати на работата како стручен коментатор и веднаш излезе со контроверзна и храбра изјава.

„Мило ми е за ПСЖ
што Нејмар е повреден. Мислам дека ова е благослов за Кристоф Галтие“
– рече поранешниот
фудбалер за микрофоните на Радио Монте Карло.

„Во определен
момент ќе мораше да собере храброст и да го седне Нејмар на клупа, но еве сега
му се посреќи“.

„Тимот има многу
подобар баланс со петмина во одбрана, тројца во средниот ред и со Мбапе и Меси
во нападот. ПСЖ ќе игра малку подефанзивно и на контри“.

„Со Нејмар, Мбапе
и Меси во нападот имаа многу проблеми, кога ќе се изгуби топката, имате тројца
играчи кои не бранат, не помогаат во одбрана и тимот влегува во проблеми. Премногу
шанси им се дозволуваат на противниците“.

Коментарите на Кристоф Дугари следуваат откако ПСЖ синоќа потврди дека поради повреда на скочниот зглоб, сезоната за Нејмар е завршена.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×