Жоао Кансело веќе е несреќен и во Баерн Минхен – и таму му го земаа местото

by
1 минути читање

Кансело се скара со Пеп Гвардиола затоа што се почесто беше изоставува од стартниот тим на Манчестер Сити. Бекот реши среќата да си ја побара во Баерн Минхен каде замина на позајмица.

Тој почна одлично во германскиот гигант, но брзо потоа го загуби местото, последен пат како стартер играше во првиот меч од ЛШ против ПСЖ.

Оттогаш поминаа три натпревари, а тој на сите тие беше резерва.

Германските медиуми прогнозираат дека така ќе биде и на утрешниот натпревар против ПСЖ, Кансело ќе биде на клупата за резерви.

Португалецот не е среќен поради неговата ситуација, веројатно на лето ќе сака преселба во некој трет клуб.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×