Арсенал за неговите услуги плати 50 милиони фунти а тој вели: Размислував да станам градинар

by
1 минути читање

Летото во 2021
година, Бен Вајт се пресели во Арсенал, „топчиите“ на Брајтон му платија 50
милиони фунти за услугите на дефанзивецот.

25 годишниот
Англичанец сега открива дека има мал интерес за фудбалот освен неговата
кариера, кога има слободно време, не гледа натпревари чисто од забава и спортот
го смета само за професија.

„Доколку не бев
фудбалер, веројатно ќе работев со татко ми, тој беше градинар“
– вели Бен Вајт.

„Мислам дека
затоа немаше голем притисок врз мене кога растев, ќе бев многу среќен доколку животот
ме однесеше на тој пат“.

„Да, станав
фудбалер, но немаше да има никаков проблем да ја работам работата на татко ми.
Како дете не гледав многу фудбал, па и сега не гледам“.

„Гледам клипови
од мене, гледам снимки од мене со цел да се подобрам. Но не гледам фудбал чисто
за забава“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×