Симеоне со критики за судењето: Јасно е зошто Атлетико има подобри шанси во Европа отколку во Шпанија

by
2 минути читање

„Колчонероси“
вчера беа елиминирани во полуфиналето на Копа дел Реј откако реваншот на Камп
Ноу заврши 1-1.

Средбата беше
прилично возбудлива и тензична, со три црвени картони, еден промашен пенал и
неколку контроверзни ситуации.

Гостите беа
оштети во второто полувреме кога беше поништен чист гол на Антоан Гризман
поради офсајд.

„Судиите можат да
погрешат
– рече Диего
Симеоне по крајот на натпреварот. „Исто како и играчите
.

„Но кога некој
играч ќе направи грешка, тој сноси одговорност, не знам дали судиите сносат
одговорност
.

„Сега е јасно
зошто во Лигата на Шампионите имаме поголеми шанси отколку во Ла Лига и Копа
дел Реј
.

Стратегот потоа
упати пофални зборови за своите играчи.

„Год сум на моите
избраници, го оставија срцето на терен, елиминирани сме но си заминуваме со кренати
глави
.

„Секако, повеќе
би сакал да одигравме лошо а да се пласиравме во финале
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани