Многу проблеми за Интер од мечот против Јувентус, и Брозовиќ во аут

by
1 минути читање

Дуелот со Јувентус не беше само загубени три бода за Интер, „нероазурите“ нема да можат да сметаат на тројца стандардни играчи како последица на случувањата на тој меч.

Перишиќ и Икарди заработија суспензии од по два натпревари, а Брозовиќ се повреди, па Интер нема да може да смета ниту на него.

Тој поради повреда порано го напушти мечот, а деталните прегледи покажаа скршеница на прст на десното стопало.

Интер ја потврди повредата, но не специфицираше колку Брозовиќ ќе биде во аут. Според италијанските медиуми би можел да се врати пред крајот на февруари.

Како и да е, наредните два меча Интер со сигурност ќе биде без Перишиќ, Икарди и Брозовиќ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани