Чалханоглу се откажа од платата: Баер веќе претрпе штета

by
1 минути читање

22 годишниот
офанзивен фудбалер од средниот ред ќе го пропушти преостанатиот дел од сезоната
откако Судот за спортска арбитража ја потврди одлуката на ФИФА за четири месеци
суспензија за прекршување на договорот со Трабзонспор од 2011.

Па Баер Леверкузен
ни крив, ни должен ќе остане без еден од најдобрите играчи.

Мала утеха за
„Фармацевтите“ може да биде тоа што играчот одлучи да се откаже од платата во
следните четири месеци.

„Баер нема
никаква врска со инцидентот
– вели Чалханоглу. „Но и покрај тоа, клубот е погоден силно како од
економска, така и од спортска гледна точка
.

„Не сакам да
креирам дополнителна штета, па ќе се откажам од платата се додека трае
суспензијата
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани