Во разговор со
хрватските медиуми, Иван Ракитиќ говори за „гламурозниот“ живот на ѕвездите на
Барселона.
„Сите би рекле
дека фудбалерите се обложуваат или играат покер, дека тукa се вртат огромни
пари, но малкумина знаат дека ние на гостувањата играме „Не лути се човече“!” – вели фудбалерот од средниот ред.
„Да, откако јас
сум тука, целиот тим на Барса по цел ден игра само тоа. И супер се забавуваме”.
„Играме исти
тимови, во едниот е Пепе Коста (тимскиот менаџер), Меси, Суарез и Маскерано, а
во другиот Иниеста, Бускетс, Алба и јас”.
„Во Барселона
оваа игра се игра со години, уште кога тренер беше Пеп Гвардиола”.
„Целта е да се
забавуваме на патувањата. Подобро е тоа отколку да ставиме слушалки на ушите,
да седиме сами во соба и да се изолираме”.
„Неодамна
патувавме за Катар, летот траеше шест часа и цело време игравме. Следниот ден
ги сонував фигурите, полињата, боите, коцките, петка и шестка…”