Манчини би можел да стане тренер на Милан?

by
1 минути читање

Кинескиот конзорциум, Сино-Јуроп Спортс е во процес на купување на Милан од Силвио Берлускони и неговата Фајнинвест холдинг компани.

Превземањето се очекува да биде комплетирано до 3. март, а Кориеро дело Спорт пишува дека новиот извршен директор Марко Фасоне и идниот спортски директор Масимо Мирабели ги кројат плановите за идната сезона.

Двајцата се поранешни директори на Интер, и според италијанскиот весник имаат идеја да го донесат Роберто Манчини на клупата за следната сезона.

Манчини го напушти Интер пред стартот од сезоната, а во меѓувреме одби неколку кинески понуди. Информациите велат дека сака да се врати во Премиерлигата, но понуда од Милан може да ги промени неговите планови, особено ако проектот на росоњерите биде амбициозен.

Се верува дека Адриано Галијани синоќа имал состанок со Монтела на кој го уверил дека неговата иднина под сегашното раководство е сигурна и покрај лошата форма на тимот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани