„Црвените“
минатата сезона до самиот финиш беа во конкуренција за сите четири трофеи, но
оваа сезона сликата е сосема поинаква, веќе во февруари станува јасно дека
Ливерпул нема да освои ништо.
Поразот од Реал
Мадрид на Енфилд од 2-5 во Лигата на шампиони повторно ги вклучи алармите, дури
и иднината на Јирген Клоп е ставена под знак прашалник.
Поранешниот играч
на Ливерпул, Дени Марфи го советува Јирген Клоп да направи мала чистка во
составот, да се откаже од барем петмина фудбалери и да донесе свежа крв, или во
спротивно ризикува да добие отказ.
„Мислам дека е
време за еден ресет“ – вели Марфи. „Летоска треба да си заменат
барем пет играчи, мислам дека и самиот Клоп е свесен за ова и ќе добие шанса да
направи корекции, го заслужи тоа“.
„Има неколку
очигледни имиња, играчи кои се на крајот од договорите или на крајот од кариерата
како Кеита, Окс, Милнер. На листата би го додал и Фабињо во зависност од тоа
колку пари може да се добијат за него и да се купи некој помлад играч на негово
место со многу повеќе енергија“.
„Треба промени и
во централниот дел на одбраната, Матип е тука веќе 7-8 години, да можеби
прикажува добри партии, но има моменти кога е потребно составот да еволyира“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.