Касерес на нови лекарски прегледи, овој пат со клуб од Премиерлигата

by
0 минути читање

29-годишниот фудбалер е слободен играч и како таков може да потпише и надвор од преодниот рок.

Касерес ги помина медицинските прегледи во Милан и кога се очекуваше да потпише, ангажманот пропадна поради неуспехот да се договорат личните услови.

Сега Касерес е во Англија и медиумите велат дека денеска е на лекарски прегледи со Саутемптон.

Доколку успешно ги мине лекарските прегледи се верува дека Саутемптон ќе ги исполните неговите барања за плата и ќе потпише со уругвајскиот фудбалер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани