98
Монтела и Бака беа инволивирани во серија расправии оваа сезона поврзани со минутажата која ја добива фудбалерот.
Бака е далеку од својата најдобра форма, но негодува кога ќе треба да седне на клупата, така беше и на мечот со Сампдорија кој Милан го загуби.
На 15 минути пред крајот Бака беше изваден од игра, на негово место влезе Лападула. Според „Газета дело Спорт“, Колумбиецот бил нервозен при замената.
„Не приметив ништо, но доколку фудбалерите кои излегуваат од игра се несреќни, веројатно се лутат на себе, не на тренерот. Треба да го прашате Карлос на кој бил лут“ – изјави Монтела по мечот.
Бака често се поврзува со заминување од Милан, реална е можноста тоа да се случи во летниот преоден рок.