Предвреме се појави информација, познато е кој фудбалер ќе ја добие наградата од ФИФА за најдобар

by
1 минути читање

Според неофицијални информации пренесени од новинарот Франсис Агиљар, наградата за најдобар фудбалер за 2022 година ќе ја добие Меси.

Трофејот со Аргентина на Светското првенство е клучен за Меси да биде освојувач на оваа награда.

Наградата „Д Бест“ почна да се доделува во 2016 година кога ФИФА реши да се оддели од Франс фудбал кој ја доделува Златната топка и да си направи своја манифестација.

Во првите две години наградата ја добиваше Кристијано Роналдо, во 2018 добитник беше Лука Модриќ. Меси првпат ја доби во 2019, а во 2020 и 2021 таа му припадна на Левандовски. 

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×