Лаказет заминува од Лион, играчот сонува за настап во еден клуб

by
2 минути читање

Минатото лето,
Арсенал се обиде да го ангажира Французинот, но „Топчиите“ не сакаа да ја платат
сумата што Лион ја побара.

Арсен Венгер по
крајот на сезоната ќе има нова шанса да го купи својот сонародник откако Александре Лаказет соопшти дека
сака трансфер.

Барселона е
клубот од соништата за репрезентативецот на „Триколорите“ но „Каталонците“ веќе
имаат извонредни играчи во нападот и тешко е за верување дека ќе се обидат да
го купат Александре Лаказет.

„Мислам дека
пристигна правиот момент за да заминам
– вели напаѓачот. „Мислам дека летоска ќе биде идеално време
за промена. Сакам да искусам нешто ново
.

„Секако, идеата
како и секогаш е да продолжам да бележам прогрес како фудбалер и личност. Се
надевам дека летоска ќе ми се укаже добра шанса
.

„Да му се
приклучам на Умтити во Барселона? Тие се голем клуб, во нападот имаат
вонземјани
.

„Тоа би било
сон… Доколку се случи трансфер во Барса одлично, но не сакам сега да испадне
дека говорам за тоа како ќе му го земам местото на Луис Суарез
.

„Но секако дека би сакал да
играм за нив еден ден
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани