Агуеро: Сакам да останам во Манчестер Сити, но…

by
1 минути читање

Агуеро два натпревари по ред е на клупата за резервни играчи, а прв избор на Гвардиола е новото засилување Габриел Жесус кој има одличен старт на кариерата во Англија.

Аргентинецот не се жали дека е меѓу резервите, напротив, мотивиран е да се врати во првиот тим и да му помогне на Сити.

„Имам три месеци да го дадам најдоброто и да му помогнам на тимот, па ќе видиме каква ќе биде мојата иднина потоа“ – вели Агуеро.

„Понекогаш се случуваат вакви работи. Кога сте на клупата ја чекате вашата шанса“.

„Немам намера да си одам, само да му помогнам на тимот колку што можам повеќе. Потоа ќе видиме клубот што планира за мојата иднина“.

Агуеро беше сликан на приватен ручек со Гвардиола во ресторан во Манчестер. Фудбалерот не сака да открива детали од состанокот.

„Тоа се приватни работи и треба да останат такви“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани