105
Реал Мадрид има само еден пораз оваа сезона во шпанската лига, но и покрај тоа Нејмар верува дека возможно е да ја освојат титулата.
„Знам дека е тешко, но не е невозможно“ – вели Нејмар.
„Минатата година имавме 12 бода предност пред вториот, а ја освоивме титулата со еден или два бода предност ако не се лажам“.
„Има уште многу натпревари до крајот, се може да се случи. Фокусирани сме. Гладни сме за титулата и одиме по неа“.