„Граѓаните“ во средата го совладаа Арсенал во Лондон и го прескокнаа ривалот на врвот на табелата, но избраниците на Пеп Гвардиола брзо им го препуштија првото место на „топчиите“.
Синоќа, Манчестер Сити киксираше на гостувањето кај Нотингем Форест и испушти два бода. Актуелниот шампион на пауза замина со 0-1, во продолжението имаше неколку добри шанси да ја осигура победата, но откако не го стори тоа, Вуд во финишот ги шокираше.
Еден од трагичарите е Ерлинг Халанд, неверојатно е што промаши напаѓачот. Во една иста акција, тој најпрво ја погоди пречката а потоа од пет метри наместо да ја затресе мрежата биеше високо над голот и ја испрати топката на трибини.
Доколку Манчестер Сити ја загуби титулата, промашувањето сигурно ќе го прогонува Норвежанецот.