Пораз на Баерн Минхен, Бундеслигата може да добие нов лидер (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Проблемите за Баерн Минхен почнаа рано во натпреварот откако Упамекано уште во осмата минута заработи црвен картон, Баварците требаше речиси цел меч да го играат со фудбалер помалку.

Само пет минути подоцна Менхенгладбах дојде во водство со гол на Штиндл, во 35. минута Чупо Мотинг го изедначи резултатот на 1-1.

Во второто полувреме Хофман и Турам донесоа водство за домаќините од 3-1, а до крајот Баерн Минхен во судиското продолжение успеа само да го ублажи поразот на 3-2 со гол на Тел.

Во другите мечеви од овој термин во Бундеслигата, Штутгарт со 3-0 го совлада Келн, Лајпциг исто така со 3-0 славеше на гости кај Волфсбург, а Фрајбург со 2-0 го победи Келн на негов терен.

Утре Унион Берлинг игра против Шалке, доколку победи ќе избие на првото место во Бундеслигата.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×